Sunday, January 26, 2014

Welcome to my world !

Здраво! Добредојдовте во Велес, Македонија каде сите се прават паметни а , Господ кога делел памет, некој носел чадор.. Секој има свое јас , но повеќето од тие "јас" се скроени по мерка на друг,а не тој што го носи тоа јас. Исто така секој има свој стил и став на облекување-кој е "пеач" (во бањата под туш) ,глумец (еднаш во 3то одделение на завршната приредба) и на драмска се запишал, новинар (знае кој со кого е во врска,кој вчера што направил...), старлета (мислам дека нема потреба да објаснам...) ,манекенка (се слика со сета облека од бутикот во кој работи мајка и ,а потоa сликите веднаш на Facebook и "оп!" гледаш коментар и лајк од некој "фраер"),  има, има и таканаречени "фраери" (мотор имаат ама бензин за него немаат). Има и питачи, но не од тие на улица,не не не, тие одамна се заборавени од страна на државата.Кога ќе речам питачи мислам на Facebook-питачи - ни те знае,ни те познава,збор со него не си кажал (ниту си пишал), а кога има доделување на бесплатни тренерки/патики од Sport Vision веднаш ти доаѓа порака во влезното сандаче со линк и обавезното " Moze lakj pls?Te molamm ;) " .Има и спортисти, но 2 вида.Првоит вид - навистина спортува и знае што прави, а вториот вид се тие што на физичко не играат,а и на тренинг "редовни се" и на "диета се" (битно: секој ден во пицерии, пабови и сендвичари),а потоа се фалат со собирање на стомакот демек имале "плочки".... Има многу такви стилови и ставови во Велес , иако е мало гратче полно е со вакви и многу други "стилови и ставови".....


Стоковна куќа "На-Ма"



Не бил секогаш ваков мојот роден град... Некогаш имало и вистински другари, вистинска љубов(без никаква корист од партнерот) , имало меѓусебно помагање, добри луѓе... Едноставно бил град со ЧОВЕШТВО... а сега? Што е сега? Град со намуртени луѓе меѓу кои ретко ќе видиш топла и пријатна насмевка на лицето, деца кои постојано се залепени до технолошките уреди како лаптопи,телефони поради недостаток на внимание од нивните зафатени родители...Ретко сега може да видите деца кои си играат во паркот, a и да има со сигурност ќе дојде некој намуртен возрасен и ќе ги избрка.... За добрите времиња во градов можете само да читате од стари книги и да слушате oд вашите мајки и татковци, баби и дедовци...